Вакцини против КОВИД-19

Вакцините нè заштитуваат од вирусот кој предизвикува COVID-19. Сите во Австралија на возраст од 5 години и постари може да закажат бесплатна вакцинација против COVID-19.

За вакцините против COVID-19

Сите луѓе во Австралија на 5 години и постари, и некои деца на возраст од 6 месеци до 4 години, ги исполнуваат условите за вакцина против COVID-19.

Најдете клиника и закажете

Вакцините против COVID-19 се бесплатни за сите во Австралија. Тоа важи и за луѓето без Medicare картичка, странски посетители, странски студенти, странски работници и баратели на азил. Вакцинирањето помага да се заштитите себеси, вашето семејство и вашата заедница од COVID-19.

Австралиската влада не ја направи вакцинацијата задолжителна и вие може да одберете да не се вакцинирате против COVID-19

Налозите за јавно здравје во некои држави и територии може да одредат задолжителна вакцинација во извесни околности. На пример, за некои видови на работа и за некои активности во заедницата.

Вакцините се безбедни

Вакцините против COVID-19 се безбедни и спасуваат животи. Во Австралија, Therapeutic Goods Administration (Администрацијата за терапевтски средства (TGA)) продолжува со будно следење на безбедноста на вакцините против COVID-19 и на придружните ефекти.

Дознајте повеќе за секоја вакцина достапна во Австралија:

Вакцините против COVID-19 го учат вашето тело да се ослободува од вирусот ако дојде во контакт со него.

Ако имате прашања или нешто ве загрижува после вашата вакцинација, јавете се на вашата клиника за вакцинација или на вашиот доктор.

Дознајте повеќе што може да очекувате после вашата вакцинација.

Кој треба да се вакцинира

Секој на возраст од 5 години или постар треба да се вакцинира против COVID-19.

Примањето на вакцина против COVID-19 ве заштитува од тешка болест или смрт од COVID-19.

Вакцинацијата исто така го забавува ширењето на вирусот, со што помагате да се заштитат луѓето околу вас.

За да сте навреме со вашите вакцини против COVID-19, мора да сте ги примиле сите дози препорачани за вашата возраст и здравствени потреби.

некои деца на возраст од 6 месеци до 4 години кои имаат сериозно нарушен имунитет, попреченост или сложени и/или повеќекратни здравствени состојби што го зголемуваат ризикот да заболат од тешка форма на COVID-19, ќе ги исполнуваат условите да примат вакцина против COVID-19.

Закажување за оваа старосна група е сега можно преку Vaccine Clinic Finder. Проверувајте редовно бидејќи давателите на имунизација ќе продолжат да додаваат нови термини.

Децата на возраст од 6 месеци до 4 години треба да примат:

  • примарна доза 1 и 2 на вакцина против COVID-19
  • примарна доза 3 ако имаат сериозно нарушен имунитет.

Децата на возраст од 5 до 11 години треба да примат:

  • примарна доза 1 и 2 на вакцина против COVID-19
  • примарна доза 3 ако имаат сериозно нарушен имунитет.

Децата на возраст од 12 до 15 години треба да примат:

  • примарна доза 1 и 2 на вакцина против COVID-19
  • примарна доза 3 ако имаат сериозно нарушен имунитет.
  • бустер доза на вакцина против COVID-19 ако имаат:
    • сериозно нарушен имунитет
    • попреченост со значителни или сложени здравствени потреби
    • сложени и/или повеќекратни здравствени состојби што го зголемуваат ризикот од тешка форма на COVID-19.

Разговарајте со вашиот доктор ако не сте сигурни дали вашето дете треба да прими бустер.

Сите на возраст од 16 години или постари треба да примат:

  • примарна доза 1 и 2 на вакцина против COVID-19
  • примарна доза 3 ако имаат сериозно нарушен имунитет
  • бустер доза на вакцина против COVID-19.

Четврта доза

На луѓето изложени на зголемен ризик од тешка болест им се препорачува дополнителен бустер или четврта доза на вакцина против COVID-19 три месеци после нивната прва бустер доза.

Тоа ќе биде петта доза на луѓето кои имаат сериозно нарушен имунитет, некоја претходна медицинска состојба или попреченост.

Треба да примите четврта доза ако:

  • имате 50 или повеќе години
  • живеете во установа за нега на стари лица или на лица со попреченост
  • имате сериозно нарушен имунитет (тоа ќе биде петта доза)
  • сте Абориџин или по потекло од островите во Теснецот Торес, и имате 50 или повеќе години
  • имате 16 или повеќе години и медицинска состојба што го зголемува ризикот од тешка болест од COVID-19
  • имате 16 или повеќе години и попреченост или многу сложени здравствени потреби.

Луѓето на возраст од 30 до 49 години може да примат четврта доза ако така одлучат.

Разговарајте со вашиот доктор ако не сте сигурни дали треба да примите четврта доза.

Ако сте имале позитивен тест за COVID-19, се препорачува да почекате 3 месеци после инфекцијата со COVID-19 пред да ја примите следната доза на вакцина против COVID-19.

Луѓето кои добиле COVID-19 после примањето на бустер доза, исто така треба да почекаат 3 месеци пред да примат четврта доза.

Важно е вакцините против COVID-19 да ги примате навреме. На различни луѓе може да им требаат различни вакцини против COVID-19 во различно време. Разговарајте со вашиот давател на здравствена нега што вие и вашето семејство треба да правите за да бидете навреме со вакцинацијата.

Деца

Вакцините против COVID-19 се безбедни за децата.

Со вакцинирањето на децата може да се спречи тие да го пренесат вирусот на помладите браќа и сестри, баби и дедовци, и на пошироката заедница.

Научете повеќе за вакцините против COVID-19 за деца и тинејџери.

Жени кои се бремени или дојат

Вакцините против COVID-19 се безбедни ако сте бремени, доите или планирате бременост. Вакцина може да примите во секоја фаза на бременоста.

Дознајте повеќе за бременоста, доењето и вакцините против COVID-19.

Луѓе со попреченост

Луѓето со попреченост се изложени на поголем ризик од сериозно заболување од COVID-19 и треба да се вакцинираат.

Ако ви треба повеќе поддршка, може да се јавите на Disability Gateway Helpline on 1800 643 787. Тие може да закажат вакцинирање во ваше име.

 Ако ви треба преведувач, јавете се на Translating and Interpreting Service на 131 450 и побарајте да телефонираат на Disability Gateway.

Луѓе со постоечки здравствени проблеми

Луѓето со постоечки здравствени проблеми се изложени на поголем ризик од сериозно заболување од COVID-19 и треба да се вакцинираат.

Разговарајте со вашиот редовен давател на здравствени услуги која е најдобрата вакцина за вашата ситуација.

Каде да се вакцинирате

Вакцина против COVID-19 може да примите во:

  • клиниките за вакцинација на Комонвелтот
  • клиниките по општа пракса кои учествуваат во програмата
  • Aboriginal Controlled Community Health Services
  • клиниките за вакцинација на државите и териториите, и
  • аптеките кои учествуваат во програмата.

Клиниките по општа пракса не можат да ви наплатат за вакцината.

За да најдете каде е најблиската клиника за вакцинација и да закажете вакцинација, користете Vaccine Clinic Finder. Ако за време на вакцинацијата ви треба преведувач по телефон или на лице место, јавете се на Translating and Interpreting Service на 131 450.

Ако немате Medicare картичка

Ако немате Medicare картичка, бесплатно може да се вакцинирате во:

  • клиниките за вакцинација на Комонвелтот
  • клиниките за вакцинација на државите и териториите
  • аптеките кои учествуваат во програмата.

‘Hey Eva’ – Лесен пристап до вакцина

EVA е едноставна служба што им помага на луѓето да закажат вакцинација против COVID-19. Работно време на EVA е од 7 наутро до 10 навечер (АЕЅТ), 7 дена во неделата.

Кога ќе ја пратите пораката EVA, ќе добиете одговор со кој ќе бидете прашани за вашето:

  • име
  • претпочитан јазик
  • претпочитан ден и време
  • на кој телефон да ви се јават.

Обучен оператор од National Coronavirus Helpline ќе ви се јави во закажаното време за да ви помогне да закажете вакцинација против COVID-19.

EVA нуди информации и совети за вакцините против COVID-19 и ви помага со:

  • информации и совети за вакцините против COVID-19
  • да најдете клиника без закажување
  • да најдете соодветен термин за вакцинација
  • ве поврзува со бесплатна преведувачка помош.

За помош за закажување на термин за вакцинација против COVID-19, пратете ЅМЅ порака ‘Hey EVA’ на службата EVA на 0481 611 382. Работно време на EVA е од 7 наутро до 10 навечер (АЕЅТ), 7 дена во неделата.

Пред вашата вакцинација против COVID-19

Ако сè уште не сте го направиле тоа, закажете термин за вакцинација.

Најдете клиника и закажете

Ако имате Medicare картичка, проверете дали вашите податоци се точно наведени:

Од вас може да биде побарано да пополните образец за согласност (consent form) пред вашиот термин или ако одлучувате за вакцинацијата на некој друг.

Прочитајте го образецот за согласност.

Прочитајте ги информациите и образецот за согласност за деца на возраст од 5 до 11 години.

После вашата вакцинација против COVID-19

Ќе бидете надгледувани најмалку 15 минути после вакцинацијата, за случај на ретка алергиска реакција. Лицето кое ве вакцинира е обучено да реагира веднаш во случај на реакција.

Придружните ефекти (side effects) од вакцините против COVID-19 се обично благи и поминуваат после еден до два дена. Вообичаени придружни ефекти се:

  • болки во раката во која е дадена инјекцијата
  • измореност
  • главоболка
  • болки во мускулите
  • треска и студени морници.

Како со секој лек или вакцина, може да се појават ретки или непознати придружни ефекти. Ако мислите дека имате сериозни придружни ефекти, јавете се на вашиот здравствен професионалец или на Националната линија за коронавирус.

1800 020 080

 Ако ви треба преведувач, јавете се на Националната линија за коронавирус и одберете ја опцијата 8.

Доказ за вакцинација

Доказ за вашата вакцинација против COVID-19 може да добиете со пристап до вашата Изјава за историјата на имунизација (Immunisation History Statement).

Пристап до вашата Изјава за историјата на имунизација може да добиете:

Ако немате Medicare картичка или myGov сметка, или немате пристап до myGov сметка, пристап до вашата Изјава за историјата на имунизација може да имате:

  • барајќи од лицето или установата што ве вакцинира да ви отпечати копија на Изјавата за историјата на имунизација
  • јавувајќи се на линијата за информации на Australian Immunisation Register на 1800 653 809 (од 8 наутро до 5 попладне, понеделник до петок АЕЅТ) и барајќи да ви ја пратат изјавата по пошта. Испораката на изјавата по пошта може да трае до 14 дена.

За повеќе информации како да добиете доказ за вашето вакцинирање против COVID-19, видете на интернет страницата на Services Australia.

Каде да се добијат веродостојни информации

Важно е за COVID-19 и за програмата за вакцинација против COVID-19 да останете информирани од веродостојни и официјални извори.

Одговори на чести прашања за вакцините против COVID-19 се на располагање на 63 јазици.

Достапен е информативен комплет со материјали за вакцините против COVID-19 на други јазици.

 Читајте информации за COVID-19 на вашиот јазик.

Ресурси

Help us improve health.gov.au

If you would like a response please use the enquiries form instead.