Долг COVID

Мнозинството луѓе целосно закрепнуваат од COVID-19 во рок од неколку недели после првите симптоми. Меѓутоа, некои луѓе може да имаат долготрајни ефекти од нивната инфекција. Дознајте за долгиот COVID и каде може да добиете помош за вашите постојани симптоми.

За долгиот COVID

Изразот „долг COVID“ главно се користи како опис на:

  • продолжен симптоматски COVID-19 - симптоми на COVID-19 кои траат повеќе од 4 недели
  • состојба/синдром после COVID-19 - симптоми на COVID-19 после 12 недели, што не се објаснети со алтернативна дијагноза.

Долгиот COVID се манифестира различно кај различни луѓе и симптомите може да бидат од благи до сериозни.

Симптоми на долг COVID

Најчесто пријавени симптоми на долгиот COVID се:

  • истоштеност (измореност)
  • отежнато дишење
  • проблеми со памтењето и концентрацијата („заматен ум“).

Други симптоми вклучуваат:

  • забрзано чукање на срцето, болки или стегање во градите
  • кашлање
  • променето чувство за вкус или мирис
  • болки во зглобовите и мускулите
  • морници
  • проблеми со спиењето (несоница)
  • промени на расположението (зголемена загриженост, вознемиреност или депресија)
  • вртоглавица
  • главоболка
  • малку зголемена температура
  • осип на кожата, опаѓање на косата
  • мачнина, пролив, болки во стомакот, загубен апетит.

Кај децата, симптомите вклучуваат:

  • симптоми на расположението
  • истоштеност
  • проблеми со спиењето.

Фактори на ризик за долг COVID

Долгиот COVID е поверојатно да се појави кај луѓето кои:

  • не се вакцинирани
  • биле тешко болни од COVID-19, вклучително тие кои имале болничко лекување или им требала интензивна нега
  • имале претходни состојби или заболување пред да добијат COVID-19, како што се висок крвен притисок, хронично белодробно заболување, дијабетес и дебелина.

Лекување на долгиот COVID

Ако сте загрижени поради долготрајни симптоми откако сте имале COVID-19, треба да се јавите на преглед кај вашиот доктор.

Не постои тест за долг COVID. Вашиот доктор ќе ве праша за симптомите и како тие влијаат на вашиот живот. Докторот може да предложи тестови заради идентификација на можни причини за вашите симптоми и за да се елиминираат други состојби.

Не постои еден единствен третман или лек за лекување на долгиот COVID. Вашиот доктор ќе разговара со вас за негата и помошта што може да ви се потребни. Докторот може да ви даде совети за:

  • надгледување и справување со вашите симптоми дома, како што е користење на дневник на симптоми
  • симптоми за кои може да биде потребна медицинска нега (како што се нови или влошени симптоми) и кога да побарате нега ако се појават тие симптоми
  • што да очекувате во неделите и месеците после COVID-19
  • поддршка за интервенции во поглед на животниот стил, како што се исхрана, физичка активност и советување.

Ако симптомите во голема мера влијаат на вашиот живот, може да бидете упатени кај специјалист или во служба за рехабилитација, кои може да помогнат да се справите со вашите симптоми и да помогнат да закрепнете.

Закрепнување од долг COVID

Времетраењето на закрепнувањето е различно за секој и вашите симптоми може да се менуваат со текот на времето. Мнозинството луѓе закрепнуваат за 3 до 4 месеци. Меѓутоа, кај некои луѓе симптомите може да траат подолго.

Како да се заштитите од долг COVID

Најдобар начин да спречите долг COVID е да се заштитите од инфекција.

Навременото вакцинирање против COVID-19 може да помогне да се спречи инфекција со COVID-19 и да се заштитите од тешка болест. За луѓето кои се вакцинирани е помалку веројатно да пријават долг COVID во според со луѓето кои не се вакцинирани.

Одговор на Владата

По упатот од министерот за здравство и нега на стари лица, Hon Mark Butler MP на 1 септември 2022, Постојаниот парламентарен комитет за здравство, нега на стари лица и спорт спроведе испитување и ќе поднесе извештај за долгиот COVID и за повторените инфекции со COVID-19.

Прочитајте го привремениот извештај.

Повеќе информации

Date last updated:

Help us improve health.gov.au

If you would like a response please use the enquiries form instead.