Кога да направите тест
Тест треба да направите ако имате било кој од симптомите на COVID-19.
Видови тестови за COVID-19
Постојат 2 вида на тестови што може да откријат дали имате вирус на COVID-19:
- брзи антигенски самотестови (RAT).
- полимеразна верижна реакција (PCR или RT-PCR)
Дознајте повеќе како се прават тестови за COVID-19.
Каде да се тестирате
RAT тест може да направите дома. Тие тестови се продаваат во аптеки и трговски локали, вклучително супермаркети и некои бензински пумпи.
Прочитајте го упатството за:
За да направите PCR тест, треба да се јавите на вашиот семеен доктор за упат или да посетите клиника за тестирање за COVID-19, ако е достапна во вашата држава или територија.
Посетете ја вашата локална здравствена служба за список на клиники за тестирање во ваша близина.