За долгиот COVID
Изразот „долг COVID“ главно се користи како опис на:
- продолжен симптоматски COVID-19 - симптоми на COVID-19 кои траат повеќе од 4 недели
- состојба/синдром после COVID-19 - симптоми на COVID-19 после 12 недели, што не се објаснети со алтернативна дијагноза.
Долгиот COVID се манифестира различно кај различни луѓе и симптомите може да бидат од благи до сериозни.
Симптоми на долг COVID
Најчесто пријавени симптоми на долгиот COVID се:
- истоштеност (измореност)
- отежнато дишење
- проблеми со памтењето и концентрацијата („заматен ум“).
Други симптоми вклучуваат:
- забрзано чукање на срцето, болки или стегање во градите
- кашлање
- променето чувство за вкус или мирис
- болки во зглобовите и мускулите
- морници
- проблеми со спиењето (несоница)
- промени на расположението (зголемена загриженост, вознемиреност или депресија)
- вртоглавица
- главоболка
- малку зголемена температура
- осип на кожата, опаѓање на косата
- мачнина, пролив, болки во стомакот, загубен апетит.
Кај децата, симптомите вклучуваат:
- симптоми на расположението
- истоштеност
- проблеми со спиењето.
Фактори на ризик за долг COVID
Долгиот COVID е поверојатно да се појави кај луѓето кои:
- не се вакцинирани
- биле тешко болни од COVID-19, вклучително тие кои имале болничко лекување или им требала интензивна нега
- имале претходни состојби или заболување пред да добијат COVID-19, како што се висок крвен притисок, хронично белодробно заболување, дијабетес и дебелина.
Лекување на долгиот COVID
Ако сте загрижени поради долготрајни симптоми откако сте имале COVID-19, треба да се јавите на преглед кај вашиот доктор.
Не постои тест за долг COVID. Вашиот доктор ќе ве праша за симптомите и како тие влијаат на вашиот живот. Докторот може да предложи тестови заради идентификација на можни причини за вашите симптоми и за да се елиминираат други состојби.
Не постои еден единствен третман или лек за лекување на долгиот COVID. Вашиот доктор ќе разговара со вас за негата и помошта што може да ви се потребни. Докторот може да ви даде совети за:
- надгледување и справување со вашите симптоми дома, како што е користење на дневник на симптоми
- симптоми за кои може да биде потребна медицинска нега (како што се нови или влошени симптоми) и кога да побарате нега ако се појават тие симптоми
- што да очекувате во неделите и месеците после COVID-19
- поддршка за интервенции во поглед на животниот стил, како што се исхрана, физичка активност и советување.
Ако симптомите во голема мера влијаат на вашиот живот, може да бидете упатени кај специјалист или во служба за рехабилитација, кои може да помогнат да се справите со вашите симптоми и да помогнат да закрепнете.
Закрепнување од долг COVID
Времетраењето на закрепнувањето е различно за секој и вашите симптоми може да се менуваат со текот на времето. Мнозинството луѓе закрепнуваат за 3 до 4 месеци. Меѓутоа, кај некои луѓе симптомите може да траат подолго.
Како да се заштитите од долг COVID
Најдобар начин да спречите долг COVID е да се заштитите од инфекција.
Навременото вакцинирање против COVID-19 може да помогне да се спречи инфекција со COVID-19 и да се заштитите од тешка болест. За луѓето кои се вакцинирани е помалку веројатно да пријават долг COVID во според со луѓето кои не се вакцинирани.
Одговор на Владата
По упатот од министерот за здравство и нега на стари лица, Hon Mark Butler MP на 1 септември 2022, Постојаниот парламентарен комитет за здравство, нега на стари лица и спорт спроведе испитување и ќе поднесе извештај за долгиот COVID и за повторените инфекции со COVID-19.
Прочитајте го привремениот извештај.
Повеќе информации
- Добивање помош за долг COVID
- Разбирање на симптомите после COVID-19 и долг COVID
- Кралски австралиски колеџ на доктори по општа пракса, Материјал за пациенти: Справување со симптоми после COVID-19
- Национална работна група за клиничка евиденција за COVID-19, Австралиски упатства за клиничка нега на луѓе со COVID-19.