Програмата Поддршка дома
им олеснува на постарите лица
да останат дома подолго време
Програмата Поддршка дома нуди долгорочни услуги
и три краткорочни програми
Долгорочните услуги вклучуваат редовна нега
и поддршка со секојдневните активности
како што се нега од медицински сестри
туширање и подготовка на оброци
Краткорочните програми се
Програма на нега за закрепнување
Нега при крај на животот
и програмата за Технологија за помош
и домашни преправки
Краткорочните програми работат заедно со
или наместо
долгорочните услуги на програмата Поддршка дома
Програмата на нега за закрепнување
нуди краткорочен пристап
до поддршка од придружното здравство и
медицински сестри
како помош да ја вратите силата и самодовербата
после болест или повреда
Ако веќе примате долгорочни услуги
оваа програма може да ја користите
во исто време
Но, ако сега започнувате со нега во домот
може да ви се одобри само оваа програма
или долгорочни услуги
Пограмата за нега при крај на животот ги поддржува
постарите лица на кои им преостануваат
три месеци или помалку живот
и кои сакаат да останат дома
Опкружени со најблиските
и во позната средина
Програмата работи заедно со палијативната нега
финансирана од државата
обезбдувајќи итно финансирање за лична нега
помош со домашните работи и нега од
медицински сестри
Оваа програма ги заменува
долгорочните услуги на програмата Поддршка дома
Програмата за Технологија за помош
и домашни преправки
обезбедува средства за опрема
и подобрување на домот
како што се рампи и рачки за крепење
за да се задоволат вашите утврдени потреби
За да помогне вашиот домот да биде побезбеден
и полесно да се движите низ него
Овие средства може да ги користите
заедно со долгорочните услуги
и другите програми
Програмата Поддршка дома се темели на избор
самостојност и квалитет на живот
Дознајте повеќе на
MyAgedCare.gov.au/SupportAtHome
Или јавете се на 1800 200 422