Downloads
Достапни се нови орални третмани за лица изложени на голем ризик да се разболат сериозно од COVID-19. Овие лекови можете да ги примате дома.
Тие се достапни за многу постари лица, возрасни лица со ослабен имунолошки систем, како и за возрасни лица од „Првата нација“.
Потребен ви е рецепт. Не чекајте да заболите од COVID-19, разговарајте со вашиот доктор сега за да бидете подготвени.
За повеќе информации и да дознаете дали исполнувате услови, одете на Australia.gov.au или јавете се на 1800 020 080. За помош од преведувач, изберете ја опцијата 8.
Овластено од Австралиската влада, Canberra.