Патување низ Австралија
На веб-страниците на локалните министерства за здравје проверете ги информациите за патување во:
Патување во странство
COVID-19 продолжува да претставува здравствен ризик во Австралија и во странство. Силно препорачуваме да носите маска и да сте вакцинирани кога патувате во странство. Треба да применувате правилна хигиена на кашлањето и на рацете, и да одржувате физичко растојание од другите каде е можно.
Некои земји, воздухопловни компании и бродски оператори може да имаат услови за патување во поглед на COVID-19. Тие може да бараат да имате резултат од тест направен пред патувањето, што треба да го покажете пред да се качите во авион или брод. Проверете ги условите за влез:
-
во земјата во која патувате или низ која минувате во транзит, и
-
на авионската компанија или операторот на бродот.
Ресурси:
Австралијани кои се враќаат дома
Австралиските граници се отворени и Австралиската влада не бара да се:
- покаже доказ за негативен тест за COVID-19 при пристигнување во Австралија
- даде доказ за вакцинација против COVID-19
- носи маска, иако тоа се охрабрува.
Патничко осигурување
Патничкото осигурување е важно ако се разболите од COVID-19 додека сте во странство. Обезбедете вашето осигурување да ги вклучува:
- транзитните дестинации
- одредби за COVID-19
- други додатоци како што е конкретно осигурување за крстосување.
Услов за влегување во некои дестинации е патниците да имаат патничко осигурување.
Крстосување
Во агенцијата од која го купувате крстосувањето проверете ги најновите барања за вашиот брод и дестинација.
Вакцинација
Австралиската влада не бара патниците да се вакцинираат додека се на брод за крстосување. Меѓутоа, препорачуваме:
- вакцинација против COVID-19, бидејќи сте изложени на поголем ризик да добиете тешка болест и долг COVID-19 ако не сте вакцинирани
- уште еднаш да размислите дали да одите на крстосување ако не сте вакцинирани.
Појава на COVID-19 за време на крстосување
На бродовите за крстосување постои поголем ризик од ширење на заразни болести одошто кај други видови на патување. COVID-19, грип (influenza) и други заразни болести лесно се шират меѓу луѓе кои живеат и се дружат во затворени простории.
Ако во текот на вашето крстосување се појави COVID-19, вие можеби треба:
- да бидете во карантин на бродот
- да се истоварите и ги следите локалните правила во државата, територијата или земјата во која се наоѓате.
Пред патување, на Smartraveller проверете ги советите во врска со крстосувањето. Јавете се на вашата патнички агенција или на компанијата за крстосување за конкретни информации за нивните протоколи за безбедност во поглед на COVID-19.
Владите на држави и територии подготвуваат и ажурираат оперативни здравствени протоколи што го поддржуваат крстосувањето во Австралија.
Протоколите на индустријата на крстосување исто така помагаат да се намали ризикот од пренесување на COVID-19 на бродови за крстосување, вклучително:
- услови за вакцинација на патниците
- планови за постапување при појава на COVID-19
- планови за безбедност во поглед на COVID-19.
Патници од странство во Австралија
Австралиските граници се отворени и Австралиската влада не бара покажување на:
- доказ за негативен тест за COVID-19 при пристигнување во Австралија
- доказ за вакцинација против COVID-19
- да се носи маска, иако тоа се охрабрува.
Дознајте повеќе за влегувањето и излегувањето од Австралија.