Коронавирус (COVID-19)

Научете за коронавирусот (COVID-19), за важните чекори што треба да ги направите за да се заштитите себеси, вашето семејство и вашата заедница, и за да дознаете што да правите ако вие или член на вашето семејство има позитивен тест.

За COVID-19

COVID-19 е болест предизвикана од коронавирусот SARS-CoV-2. Кај некои луѓе тој предизвикува благо заболување, но кај други може да предизвика тешка болест и смрт.

Симптоми на COVID-19

Мнозинството луѓе со COVID-19 имаат само благи симптоми. Тие симптоми може да се лекуваат со обични лекови против болки.

Следете ги вашите симптоми

Вообичаени симптоми Поретки симптоми Сериозни симптоми

треска или висока температура

главоболка

отежнато дишење

чувство на голем замор болки во грлото помодрени усни или лице
кашлање - понекогаш со шлајм малку отежнато дишење болка или притисок во градите
загубен осет за вкус и/или мирис болки во мускулите или зглобовите кожа што е студена и влажна, бледа и со дамки
нос што „тече“ губење свест или паѓање
морници збрканост
гадење/повраќање тешко се разбудувате
пролив малку моч или отсуство на моч

Ако имате кој било од погоре наведените сериозни симптоми, веднаш јавете се на 000. Речете му на телефонскиот оператор дека имате COVID-19 со сериозни симптоми и дека треба да ви пратат болничка кола (ambulance).

Повикајте 000

Ако не зборувате англиски, речете „амбуланс“ и останете на линија за да побарате преведувач.

Ако имате симптоми на COVID-19 подолго од 6 недели откако сте имале позитивен тест, разговарајте со вашиот давател на здравствени услуги.

Како да се заштитите себеси и другите

Секој може да го забави ширењето на COVID-19. За да се заштитите себеси и другите, треба да:

  • останете дома ако не ви е добро
  • одржувате добра хигиена
  • одржувате физичко растојание и да се држите 1,5 метар подалеку од другите
  • носите маска
  • направете тест и ако сте позитивни, се препорачува да останете дома.

Најдобриот начин да се заштитите себеси, вашето семејство и заедницата од COVID-19 е да се вакцинирате.

Луѓе изложени на поголем ризик

Некои луѓе може да станат тешко болни ако добијат COVID-19. Луѓе изложени на поголем ризик може да вклучуваат:

  • постари луѓе
  • луѓе кои веќе имаат здравствени проблеми
  • Абориџини и луѓе од островите во Теснецот Торес
  • луѓе со попреченост.

Тестирање

Ако имате дури и благи симптоми на COVID-19, треба да се тестирате што е можно поскоро.

Постојат два вида тестови што може да покажат дали имате COVID-19:

  • верижна реакција на полимераза, исто така познат како PCR
  • брз антигенски тест, исто така познат како RAT.

Ако треба да направите PCR тест, вашиот доктор или давател на здравствени услуги може да поднесе барање во ваше име.

Брзи антигенски тестови може да купите на интернет и во некои супермаркети, продавници и бензински пумпи.

Кога да направите тест

Тест за COVID-19 треба да направите ако:

  • имате симптоми на COVID-19 - дури и ако симптомите се благи
  • сте имале COVID-19 и сте добиле нови симптоми на COVID-19 после 28 дена
  • тоа ви го советува здравствено лице.

После вашиот тест

Откако ќе се тестирате, треба да останете дома ако имате симптоми, за да се намали ризикот да ја пренесете инфекцијата на други.

Дознајте повеќе за тестирањето за COVID-19.

Што да правите ако вашиот тест е позитивен

Ако сте имале позитивен тест на COVID-19, треба да останете дома додека не престанат симптомите.

Не треба да посетувате средини со висок ризик - како што се служби за нега на стари лица и лица со попреченост, и болници - освен во случај да ви треба итна медицинска нега.

За повеќе совети што да правите ако имате позитивен тест за COVID-19, видете на веб-страницата на министерството за здравство на вашата држава или територија. 

Вакцинација против COVID-19

Следна доза на вакцина против COVID-19 треба да примите и ако сте имале COVID-19, а потоа сте оздравеле.

Се препорачува луѓето кои оздравеле од COVID-19, следната доза на вакцина да ја примат 6 месеци после потврдената инфекција.

Повеќето случаи на COVID-19 може да се лекуваат дома, особено кога се работи за вакцинирани лица. Прочитајте повеќе што може да очекувате:

Доење ако имате COVID-19

Ако се чувствувате добро, може да продолжите да доите. Антитела ќе преминат од вас на вашето бебе.

Ако сте загрижени или имате прашања, може да се јавите на Breastfeeding Helpline. Линијата за помош работи 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

1800 686 268

Ако ви треба преведувач, јавете се на Службата за писмено и усно преведување на 131 450 и побарајте да телефонираат на Breastfeeding Helpline.

Ако вашето дете има COVID-19

Ако на вашето дете му биде поставена дијагноза за COVID-19, тоа може да предизвика стрес. Децата ретко стануваат сериозно болни од COVID-19. Мнозинството деца немаат симптоми или симптомите се само благи.

Ако ве загрижуваат симптомите на вашето дете, јавете се на вашиот доктор што е можно поскоро.

Ако кај вашето дете се појавиле сериозни симптоми, веднаш јавете се на 000. Ако не зборувате англиски, речете „амбуланс“ и останете на линија за да побарате преведувач.

Орално лекување на COVID-19

Оралното лекување на COVID-19 е опција за лекување на блага до умерена форма на COVID-19 кај возрасни. Тоа се лекови што се земаат како таблети или капсули.

Оралното лекување на COVID-19 не одговара на сите. Лекови за орално лекување може да добиете само со рецепта препишана од доктор.

Дознајте повеќе за лекувањето од COVID-19.

Каде да се побара помош

Националната линија за помош за коронавирус дава информации и совети што да правите ако сте имале позитивен тест за COVID-19. Линијата работи 24 часа дневно, 7 дена во неделата

1800 020 080

Ако ви треба преведувач, јавете се на Националната линија за коронавирус и одберете ја опцијата 8.

Финансиска поддршка

Може да биде достапна финансиска поддршка. Посетете Services Australia и притиснете ‘Translate’ за да најдете информации на вашиот јазик.

Поддршка за физичко и ментално здравје

Ако имате Medicare картичка, би можеле да ви бидат достапни „telehealth“ услуги по телефон или видео.

Ако доживувате сериозни ментални проблеми поради COVID-19, може да ви бидат достапни дополнителни сесии за ментално здравје.

За да закажете „telehealth“ термин или да ви бидат достапни сесии за ментално здравје, јавете се на вашиот давател на здравствена нега.

Ако ви треба помош веднаш

Ако ви треба помош веднаш, постојат низа служби за ментално здравје на кои може да се јавите:

Ако не се чувствувате безбедни поради семејно насилство, јавете се на полицијата во вашата држава или територија, или на 1800 RESPECT (1800 737 732).

TIS National може да ве поврзе со овие услуги ако ви треба преведувач.

131 450

Ресурси

Date last updated:

Help us improve health.gov.au

If you would like a response please use the enquiries form instead.