За коронавирусот (COVID-19)

Дознајте за болеста предизвикана од COVID-19 и каде може да најдете најнови податоци за бројот на случаи.

COVID-19 е болест предизвикана од коронавирусот SARS-CoV-2.

Варијанти на COVID-19 продолжуваат да се појавуваат. Светската здравствена организација (WHO) е одговорна за следење на варијанти кои предизвикуваат загриженост и интересирање.

Дознајте повеќе за загрижувачки варијанти во Австралија.

Сегашен статус

Светската здравствена организација (WHO) го прогласи новиот коронавирус (COVID-19) за светска пандемија на 11 март 2020.

Прогласувањето на COVID-19 за пандемија е сè уште активно.

Дознајте повеќе за пандемијата и како се справуваме со неа.

Симптоми

COVID-19 е болест предизвикана од коронавирусот SARS-CoV-2.

Симптомите на COVID-19 може да бидат од благи до сериозни.

Некои луѓе лесно закрепнуваат, додека други стануваат тешко болни. Ако имате позитивен тест за COVID-19, може да имате:

  • температура
  • да кашлате
  • болки во грлото
  • отежнато дишење.

За повеќе информации видете го нашиот информативен лист за идентификување на симптомите на COVID-19.

Некои луѓе немаат никакви симптоми (асимптоматични се), но и натаму можат да го пренесат вирусот.

Долгорочни ефекти

Мнозинството луѓе кои имале позитивен тест за COVID-19 целосно оздравуваат, но кај некои луѓе може да дојде до долг COVID.

Симптомите на долгиот COVID се различни одошто тие на COVID-19. Може да чувствувате:

  • силна истоштеност (измореност)
  • отежнато дишење, забрзано чукање на срцето, болка или стегање во градите
  • проблеми со памтењето и концентрацијата
  • промени на чувството за вкус и мирис
  • болки во зглобовите и мускулите.

Понекогаш овие симптоми може да трајат со недели или месеци.

Дознајте повеќе за долгиот COVID.

Date last updated:

Help us improve health.gov.au

If you would like a response please use the enquiries form instead.